Милица Павловиќ ќе биде главна музичка ѕвезда на „Самун ем татлија” во Радовиш

by Fokus

Популарната српска пејачка Милица Павловиќ доаѓа во Радовиш и ќе биде главна музичка ѕвезда на општинската манифестација „Самун ем татлија” која ќе се одржи од 13-ти до 15-ти октомври.

На настанот се промовираат радовишките специјалитети самун и татлија, и се одржува традиционално секоја година во октомври.

Покрај Павловиќ, најавени се настапи и на повеќе домашни музичари.

На 13-ти октомври, во петок, ќе гостуваат Елена Велевска, Либеро Бенд, Александар Јовевски и други.

Настапот на Милица ќе се случува на 14-ти октомври, во сабота, во 23 часот, а пред неа ќе гостуваат Игор Димовски, Распеани радовишани, Крешендо…

На 15-ти октомври пак, ќе запеат Бело копче – трибјут на Бело дугме, Иван Кукиќ, Маестро бенд и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости