Санкции за училиштата кои нема да ги почитуваат одлуките на Владата, вели Царовска

by fokus

Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат затоа што се во интерес на јавното здравје на населението. Можности за санкционирање постојат согласно законот, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска откако директорот на дебарската гимназија ги повика учениците од понеделник на настава со физичко присуство.

-Јас разговарав со градоначалникот тоа е поединечен став на директорот, градоначалникот потврдува дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи, туку дека ќе се почитува одлуката на Владата, изјави Царовска.

Таа вели дека целосен бојкот на наставата нема во ниту едно училиште, туку само одделни ученици ја бојкотираат наставата.

– Во моментов нема целосен бојкот во ниту едно училиште, тоа се поедини ученици кои јас сум сигурна, следејќи го трендот на пријавување и среќата кај учениците која се јавува и покрај онлајн наставата, дека ќе се приклучат на наставата. Поминаа само два дена, тоа се два дена со класни часови, каде што учениците се прилагодуваат, секоја нова одлука или менување на начинот на живеење е тежок, јас сум сигурна дека сите полека ќе се прилагодат, рече Царовска.

Поврзани новости