Една од најангажираните фолк пејачки кај нас, Сани Гроздановска, повторно имаше заеднички настап со балканската музичка ѕвезда Аца Лукас.
Тие двајцата ги забавувале гостите во познат скопски локал, за време на јубилејна прослава, една деценија од отворањето на ресторанот.
На социјалните мрежи се објавија повеќе фотографии од веселата атмосфера која ја приредиле Сани и Лукас, а гостите кои биле присутни на забавата коментираат дека и двајцата се одлични забавувачи кои ја кренале публиката на нозе.
И летово тие двајцата заедно настапија на приватна забава во скопски хотел.
Тогаш Сани за ,,Фокус”, раскажа дека повеќе пати во минатото се нашле на иста сцена, и дека нивните вокали и енергија одлично се вклопуваат.
-Сфативме дека како тандем сме маестрални, затоа и падна договор за дует – ни изјави тогаш Гроздановска.
Вики Клинчарова