Петар Грашо сепак ќе запее во Македонска Каменица

by fokus

Музичарите чии настапи беа откажани во Македонска Каменица, а кои требаше да се одржат како дел од манифестацијата Каменичко културно лето од 26-ти до 28-ми август, сепак ќе запеат пред каменичани.

Имено, општинската манифестација тогаш беше откажана поради тридневната жалост, која беше прогласена откако младо момче од градот загина во сообраќајна несреќа.

Како главна музичка ѕвезда беше најавен Петар Грашо, а беа предвидени и настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Љубојна и други.

Сега, како што најавуваат од општината, ќе се одржи тридневен музичко-спортски настан, од седми до деветти октомври, а Грашо, Џамбазов, Ареа, Љубојна и Нокаут ќе настапат на градскиот плоштад.

Покрај нивните концерти во петок и во сабота, во недела ќе се одржи велосипедска тура.

Настанот е поддржан од Општина Македонска Каменица и рудник Саса, во организација на КИЦ Романса.

Вики Клинчарова

Поврзани новости