568
Сања Минкова, вработена во Владата и Орхан Рамадани, поранешен директор на Аеродроми Македонија се новите в.д директори на Фондот за здравствено осигурување, информираат од Владата, истакнувајќи дека тие на директорските функции биле назначени на вчерашната владина седница.
На седницата, Владата ги прифатила оставките на Маја Парнарџиева- Змејкова и Џемали Мехази, кои вчера си поднесоа оставки поради смртта на деветгодишната Тамара од Велес.