Крива Паланка денеска, во рамки на одбележувањето 74 години од ослободувањето, го одликува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со награда за особени постигнувања и придонес за развој на градот, а евроамбасадорот Самоил Жбогар го назначи за почесен граѓанин.
На манифестацијата по повод 8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, присуствуваа градоначалникот Борјанчо Мицевски, амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, како и претставници на македонски и странски збратимени општини. Сите положија цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба.
Организиран беше и настанот „Шопска софра“, поддржан од Министерството за земјоделство. Се презентираа традиционални јадења од Македонија и од општините збратимени со Крива Паланка, како и традиционални фолклорни носии.