Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко се стекна со 5.000 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во тетовската компанија, што е 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.
Според известувањето на друштвото до Македонска берза, Самсоненко акциите ги купил од ЗК „Пелагонија“ АД – Битола, која по продажбата на 5.000 акции сега поседува вкупно 5047 обични акции со право на глас во „Жито Полог“, што претставува 9,01 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.
Покрај Самсоненко, во сопственичката структура на „Жито Полог“ се и Ненад Јосифовиќ (12,47), Златко Пирузе (11,46), компанијата „Благој Ѓорев“(8,93), „Софија градба“ (5,13), ТИМ ДОО (6,92).