Русинка го убила мажот откако тој и кажал дека „јадењето не чини“

by fokus

Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујната. Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.

Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.

Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.

Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор.

Поврзани новости