Македонската дијаспора за утре најавува протести во повеќе земји низ Европа против промена на името и против бришење, како што велат, на националниот идентитет на МПЦ. Протести ќе се одржат во Германија, Италија, Франција и Австрија.
Македонските православни заедници низ Европа сметаат дека бришењето на Македонска од МПЦ ќе предизвика раскол помеѓу верниците. Македонците во Берлин утре ќе протестираат пред Бранденбуршката порта под мотото „Само сонцето е постарот од Македонија“.
„Заедно во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!“ – стои во прогласот.
Во Италија ќе се протестира пред Македонската црква во Неиве, во франција на Place Trocadero во Париз, во Австрија пред зградата на Обединетите Нации во Виена.
Парлалено ќе се протестира во 20 часот и пред Владата во Македонија.