Само со македонски пејачи Кратово ќе ги одбележи златните денови: Ветуваме еуфорија и многу забава!

by Fokus

Во петок и сабота во Кратово ќе се одржи фестивалот Златни денови, а на истиот ќе настапат само македонски музичари. На првата фестивалска вечер во петок, присутните ќе ги забавуваат фолк изведувачи, а пак на втората вечер, во сабота, ќе настапат имиња од поп сцената.

Ова е петто издание на забавната манифестација, и ќе се одржи по пет-годишна пауза.

Водител на настанот ќе биде Лила Филиповска, а од општината очекувале голем број на посетители од сите краеви.

Кратовскиот градоначалник Тодорче Николовски најави еуфорија и многу забава, и ја објави листата со изведувачи, помеѓу кои од фолк естрадата се Благица Павловска, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Душко Георгиевски, Елена Јовческа и други.

Од забавната сцена пак, ќе настапат Нокаут, Некст Тајм, Ламбе Алабакоски, Суперхикс, диџеј Ерик Фокс и други.

– Со особено задоволство ви најавувам дека по неколку години пауза повторно се случува 5-то издание на културно забавната манифестација Златни денови- Кратово 2023 година.
Бидете во Кратово за Златните денови, ветуваме дека 7-ми и осми јули ќе бидат денови за паметење со многу дружење, добра музика, забава и еуфорија со најпознатите македонски музички ѕвезди.

Ве очекуваме – порача градоначалникот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости