507
Активисти од Струмица вечерва беа присутни пред Владата на маршот за чист воздух. Тие порачаа дека ќе бидат радикални, доколку не се послушаат нивните барања.
,,Само преку нас мртви ќе дозволиме рудник во Иловица. Ќе бидеме радикални и ништо нема да не спречи во нашите барања. Не може во Македонија, толку мала земја, да има толку рудници. Ние сме осудени на бавна смрт. Потребни се брзи мерки и нема што да разговараме со луѓето во Владата “, порачаа активистите од истокот на Македонија.
Јорданчо Цветаноски