Само пратениците со безбедносен сертификат ќе го разгледаат досието на Јанева

by fokus

Зад затворена врата, денеска, Собраниската Комисија за избори и именувања ќе расправа по извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако Советот го отфрли барањето на претседателот на Комисијата Илија Димовски да го декласифицира материјалот.

Советот го отфрли барањето со образложение дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Јанева и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка.

Поврзани новости