Мицкоски не присуствувал на Советот за безбедност зашто средбата била со „низок степен на класифицираност”

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не присуствувал на состанокот на Советот за безбедност зашто вечерашната средба била повеќе формална и со „низок степен на класифицираност” на информациите, велат од неговата партија.

-Досега нема воспоставено пракса на присуство на лидер на опозиција на состанок на Советот за безбедност, освен ако тоа не го налага степенот на класифицираност на информациите за кои ќе се дискутира согласно сложеноста на ситуацијата. Сегашната средба е со низок степен на класифицираност, односно интерно, што говори за формалноста на самиот состанок и претседателот Мицкоски на истата не присуствува. Доколку во иднина се одржи состанок со повисок степен на класифицираност на информациите и тоа би го наложила евентуалната сложеност на состојбите, претседателот Мицкоски во интерес на граѓаните и интересите на Република Македонија изразува подготвеност да присуствува на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости