На масовните протести во Берлин на кои се бараше укинување на рестрикциите за корона повредени 45 полицајци

by Frosina Fakova

Околу 45 полицајци се повредени во демонстрациите што се случија викендов во Берлин против ограничувањата воведени против корона вирусот, соопшти полицијата додека демонстрантите денеска пак се собраа, но во помал број.

Берлинската полиција соопшти дека тројца од полицајците се задржани во болница, не наведувајќи ги нивните повреди.

Повеќе од 1000 полицајци ги обезбедуваа протестите во сабота на кои како што тврдат властите имало околу 20.000 луѓе. Меѓу нив, според полицијата, имало „слободни мислители“, поддржувачи на теориите на заговор, противници на вакцините и екстремни десничари.

Но полицијата на крајот го прекина протестот бидејќи организаторите не ги почитувале мерките воведени поради епидемијата на корона вирус.

Вкупно 133 лица се уапсени за време на протестите. Германија е помалку погодена од пандемијата во споредба со други европски земји, но случаите се во пораст.

Поврзани новости