(Видео) „Само ние можеме да ја уништиме Америка за еден час“ порача уредничката на Раша тудеј

by Fokus

Уредничката на руската државна телевизија Раша Тудеј, Маргарита Симонјан, тврди дека Русија е единствената земја што може да ја уништи Америка за еден час.

„Ние сме единствената земја во светот што може да ги уништи Соединетите држави за еден час. Па, теоретски, можеме и тие не би можеле да се справат со ова“, рече Симонјан.

Инаку, Маргарита Симонјан е позната по своите експлозивни изјави кои многу често ја шокираат јавноста.

Таа претходно најави трета светска војна, посака и смрт на германскиот канцелар Олаф Шолц поради одлуката Германија да испрати леопарди во Украина.

Поврзани новости