Само Груевски, Бачев и Јаневски се спремаат за избори на 5 јуни

by Фокус

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа пред полноќ ги поднесе до Државната изборна комисија кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5 јуни.

Само ВМРО-ПМНЕ од четири најголеми политички партии во државата, кои се потписнички на Пржинскиот договор, поднесе кандидатски листи. СДСМ, ДУИ и ДПА категорично порачаа дека не одат на избори на 5 јуни.

Освен ВМРО-ДПМНЕ, листи до ДИК доставија партиите на Јанко Бачев и на Бранко Јаневски, а ГРОМ на Јакимовски рече дека се на листите на актуелната владејачка партија.

Поврзани новости