Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Пациентот е примен на Клиниката за инфективни болести, а во ГОБ „8 септември“ и на Институтот ТБЦ немало нови приеми.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 18 пациенти. На Институтот ТБЦ е хоспитализиран само еден пациент.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 2 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 8 пациенти, во Прилеп 5, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 3 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
А вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 96 и има околу 460 празни болнички кревети во ковид центрите.