Близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Девојката која што имаше тромбоза на очната вена, Филипче рече дека е добра и денеска оди на домашно лекување.
Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи.
– Тоа се однесува буквално на сите вакцини. Јас немам информација дека некој од здравствените работници, кој што е вакциниран, заболел од ковид по вакцинирањето, рече Филипче.