424
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.