Украина: Од масовната гробница во Изјум ексхумирани 436 тела, на неколку има знаци на мачење

by Fokus

Од масовната гробница во Изјум беа ексхумирани 436 тела, од кои на најмалку 30 има видливи знаци на мачење, соопштија денеска украински претставници.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синјег и шефот на регионалната полиција Володимир Тимошко денеска информираа за уште три лоцирани гробници во областите што украинските сили ги вратија во контраофанзива месецов.

Руските сили пред две седмици го напуштија градот по украинската контраофанзива.

Потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Изјум и изјави дека „сцената е многу шокантна“ во градот по руската окупација.

Поврзани новости