Процентот на покриеност со водоводна и канализациона мрежа во руралните општини е само 18 отсто. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, си постави за цел до крајот на неговиот мандат тој процент да се зголеми на 40 отсто.
Тој денеска најави нов инвестициски циклус за изградба на водоводни и канализациони мрежи во повеќе од 20 општини, во вредност од околу 20 милиони евра. Особен акцент е ставен токму на руралните општини.
Проектите од овој нов инвестициски циклус на Министерството за транспорт и врски ќе се реализираат во соработка со Европската инвестициска банка, КФВ банката и со Секретаријатот за економски прашања од Швајцарија.
Со инвестициите ќе бида опфатени проекти како: изградба на пречистителна станица за вода за пиење во Липково, изградба на цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Гостивар, инсталација на нови водомери со далечинско отчитување во општина Куманово, изградба на дел од канализациона мрежа во населено место Големо Коњари, во Прилеп, изградба на секундарна мрежа фекална канализација за населените места Короишта, Ливада и Ложани во општина Струга и реконструкција на водоводна мрежа на наслеба Превалец до село Оризари во оштина Велес.