ДУИ со слоганот „Заедно за општината што ја сакаме“ ќе ја започне кампањата од Пласница и Долнени

by Фокус

„Заедно за општината која ја сакаме“, гласи слоганот со кој ДУИ ќе настапи на локалните избори, изјави денеска шефот на републичкиот изборен штаб, Арбер Адеми, додавајќи партијата ќе ја започне изборната кампања од Пласница и Долнени.

Тој додаде дека ќе спроведе модерна и интерактивна кампања, со директни средби со граѓаните, од куќа до куќа, од семејство до семејство, низ работилници и бизниси, низ улици и плоштади…

-ДУИ на терен ги има кандидатите за градоначалници и советници, задно со илјадници активисти, кои во секое населено место ќе ја презентираат нашата понуда кај секој граѓанин, со планови и конкретни проекти за развој на општините кои ги сакаме – рече Адеми.

 

Поврзани новости