540
Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална страна објави дека на престојните предвремени парламетарни избори во Бугарија од Македонија ќе гласаат 169 Бугари.
На официјалната страна на бугарското МНР објавени се списоците со лица кои се пријавиле да гласаат во Македонија.
Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп 41, во Струмица 22, во Тетово 40.
Предвремените парламетарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2-ри април.
На последниот попис спроведен во Македонија, вкупно 3.504 лица се изјасниле како Бугари.