680
Балканскиот регион мора да се врати на европскиот пат, рече претседателот Ѓорѓе Иванов по состанокот на „Брдо- Бриони процесот” во саботата што се одржува во Брдо кај Крањ во Словенија со лидерите на Балканот .
Оваа година домаќин требаше да биде Македонија, рече Иванов и додаде, дека поради околностите во земјата, самитот се одржал во Словенија.
„Македонија ќе биде домаќин претстојната 2018 година што се поклопува со Бугарското претседавање со ЕУ – додаде шефот на државата.