Верижна сообраќајка кај Мавровка

by Fokus

Пред 30 минути, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале неколку моторни возила, пренесува Макфакс.

Според нивните информации, освен материјална штета, има и повредени лица, но засега не е позната нивната здравствена состојба.

На лице место е присутна и екипа на Брза помош, како и сообраќајна полиција. До овој момент не е познато кои се причините за верижната сообраќајка, а се очекува МВР да излезе со детали во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости