1.3K
Познатата Саманта Џонс повторно ќе ја видиме на малите екрани.
Според изворите, Ким Катрал ги шокирала сите со одлуката да се врати како Саманта Џонс во втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“, и покрај нејзината експлозивна расправија со ѕвездата Сара Џесика Паркер.
Катрал наводно ќе се врати само за една сцена, која ја снимила на 22 март во Њујорк, без да ги види и да разговара со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Сцената е снимена и без Мајкл Патрик Кинг, пренесува Variety.