1.2K
Познатата холивудска актерка, Салма Хајек, која ја играше улогата на Есмералда во екранизираната верзија на романот „Ѕвонарот од Богородичната црква во Париз“, испрати емотивна порака откако пожар ја зафати катедралата Нотр Дам.
„Како и многу други длабоко шокирана и растажена сум гледајќи како Нотр Дам се претвора во дим. Те сакам Париз“, напиша Хајек на својот инстаграм профил.
Таа е од 2009 година во брак со францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, кој уште синоќа најави дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата.
Хајек ја интерпретираше Есмералда во филмот „The Hunchback“ од 1997 година.