Сали: „Жан Митрев“ ни достави материјали за 560 ковид-пациенти третирани со хемофилтрација

by Fokus

Јавноста беше информирана дека ние побаравме соработка на пет институции кои се поврзани со министерот за здравство во врска со индикациите со случајот во Клиниката „Жан Митрев“. Притисокот е огромен од јавноста за брзо решение и брзи заклучоци на комисијата за овој случај.

Од Клиниката добивме материјали, се работи за 560 пациенти, кои биле третирани со хемофилтрација кај ковид-пациенти. Колку време ќе ни треба за анализа на тие 560 пациенти, не знам точно, бидејќи има лица кои претстојувале таму и цел месец, одговори министерот за здравство, Беким Сали денеска на новинарско прашање.

Сали појасни дека целиот третман треба да се анализира од експерти-лекари.

-Мора да се напише извештај за секој поединечен случај. 560 предмети да бидеме реални ќе ни одземат доволно време, за на јавноста ѝ дадеме конечен и прецизен извештај што се случувало во „Жан Митрев“. Дозволете да ја работиме нашата работа. Не би сакал во ниту еден момент да гледаме еднострано на оваа ситуација. Сите сме дел од општеството и да донесеме точен заклучок со случајот. Јас сум спремен 24/7 да бидам во комуникација со новинарите, но во моментов не можам да ви дадам информација пред време. Секоја таква информација, може да биде злоупотребена, објасни Сали до каде трае истрагата после сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“.

Поврзани новости