Со потписи на 20 пратеници Хисни Имаили од Алтернатива е предложен за нов потпретседател на Собранието

by Fokus 13:45
13:45

Собранието на Република Северна Македонија со еден час задоцнување ја започна работата по продолжението по 71. седница. Со потписи на 20 пратеници Хисни Имаили од Алтернатива е предложен за нов потпретседател на Собранието. По предлогот за збор се јавија 19 пратеници.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот.

На дневен ред на оваа седница се и годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година.

Исто така, ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за работни односи, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка.

На оваа седница, како што е наведено на веб-страницата на Собранието, ќе се разгледува и информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија од 2021 година.

На дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Претениците ќе дебатираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на државата.

Меѓудругото, на дневен ред на оваа седница е и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

За денеска е закажана и 82. седница на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законoт за виното.

Поврзани новости