Сали за „Фокус“: Газда на новоотворена компанија и екс шефот на кабинет „амбициозни“ за тендери сакаат да ме тргнат од министер

by Fokus

Газда на новоотворена компанија и екс шефот на кабинет, Меритон Сивули се тие кои сакаат да ми се одмаздат, тврди во изјава за „Фокус“, првиот човек во здравството Беким Сали.

„Што да коментирам за тројца „амбициозни“ само за тендери“, вели Сали, откако „Фокус“ побара став од актуелниот министер  бидејќи чаирскиот огранок на Алтернатива побара негово разрешување од министерската позиција.

На денешната прес-конференција Сивули истакна дека во партијата се загрижени и незадоволни од работата на министерот Сали.

„Со голема огорченост ве известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива, се погазени токму од министерот Беким Сали, а пак тоа не натера да реагираме до претседателот на партијата, Африм Гаши“, вели Сивули.

Но, кој беше шефот на кабинет на Сали, кој без негово знаење „шефуваше“ со јавните здравствени установи?

Пред извесно време,  актуелниот министер за  здравство го разреши од функцијата, но не ги појасни точните причини.

„Фокус“ пред неколку месеци во неделникот објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет Сивули на дел од директорите на болниците им праќал списоци со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците.

Нашите извори тврдеа дека списоците не се испратени како официјален документ, туку на некои од апликациите како „whatsapp“, преку кој била испратена порака и цел список со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават како раководители на одделенија и главни сестри. Станува збор за веќе вработени внатре во болниците.

Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.

Сепак, дел од директорите се уште го пролонгираат времето, па со тие со кои разговараше „Фокус“ тврдат дека на некој начин од тие причини се соочуваат со одредени притисоци.

Јас не можам да сменам толку луѓе колку се бара од мене. Не станува збор за мала бројка. Плус на тие позиции се поставени луѓе, кои си ја знаат работата.

 

Затоа пак сега за многу работи чекаме подолг период за потпис, бидејќи се уште не сме го испониле тоа што се бара од нас“, тврдеше директор на болница, кој сакаше да остане анонимен.

Сивули, кој по професија е електроинжињер, кој на оваа функција дојде откако Сали седна на министерското столче.

Ирена Мулачка

Поврзани новости