754
Состојбата во Македонија се уште не е толку лабава за да почнеме да функционираме на стариот, нормален живот. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Беким Сали.
„Ситуацијата не е позитивна да кажеме дека од денеска сме слободни. Желбите се една, состојбата е нешто сосема друго. Јас прв би сакал да кажам такво нешто и ќе бидам запаметен по таа изјава. Ќе видиме во каква состојба сме, но не сум оптимист за мерките,“ рече Сали.