658
Министерот за здравство, Беким Сали на својот фејсбук профил истакна дека по снемувањето струја на територијата на Скопје се преземени сите мерки, скопските клиники да проодолжат да функционираат нормално.
„Ја информирам јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент“, напиша Сали.