Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза

by Fokus

Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, рече ресорниот министер Беким Сали.

„Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И тие ја знаат мојата спремност за решавање на тој проблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат“, изјави Сали.

Поврзани новости