Сали: Ќе ме гледате уште најмалку петпати!

by Fokus

Низ јавноста кружат шпекулации околу евентуална смена на првиот човек на Здравство, Беким Сали.Тој на денешната презентација на опрема во тетовската болница, даде јасен одговор.

„Ова не ми е последен јавен настап. Оваа седмица ќе ги промовираме сите центри што добија соработката со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме. За понатаму ќе видиме. И 10 години да сте министер, никогаш нема да стигнете до крајот да ги решите проблемите во здравството“, рече Сали.

Поврзани новости