Новак: Одлучувањето за Груевски е во надлежност на нашето правосудство

by Fokus

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак на денешната прес-конференција со македонскиот претседател Пендаровски беше запрашана и за азилот на екс-премиерот, Никола Груевски.

Таа вели дека за азилот кој експремиерот Никола Груевски го доби во нејзината држава, одлучува правосудството.

„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност за одлучување на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на државата се разбива успешно и имаме добри основи тоа и понатаму да се гради и развива“, рече таа.

 

Поврзани новости