Сали ја посети „новата“ болница во Кичево којашто се гради 37 години

by fokus

Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека бил во посета на Кичево и ја посетил болницата којашто се гради од 1985 година.

-Денес бев во посета на општина Кичево каде имав средба со градоначалникот Фатмир Дехари. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме во рамки на проектот за изградба на новата болница во Кичево и можностите за нивно надминување.

Веднаш по средбата заедно со градоначалникот Дехари го посетивме новиот објект на кичевската болница каде на лице место направивме увид и ја констатиравме моменталната состојба на терен.

Во наредниот период интензивно ќе работиме на констатираните предизвици и нивното надминување во интерес на унапредување на здравствените услуги за кичевчани, објави Сали на Фејсбук.

Инаку, Сали е 12-ти министер за здравство по ред кој ветува дека ќе ја заврши оваа болница по 37 години почеток на нејзината градба.

Поврзани новости