438
Министерот за здравство Беким Сали е подготвен да си замине од министерската функција, доколку партијата го побара тоа од него.
Мојата позиција како министер не треба да биде дискутабилна. Подготвен сум да заминам заради партиските интереси. Менувањето на имињата е нормално. За разлика од другите партии, ние не инсистираме човек нужно да има работа овде или таму – рече Сали во емисија на ТВ 21.