Ахмети: Не отидов во Хаг оти борбата ми беше праведна, Албанците сега се одлучувачки фактор

by fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Желино.

Тој порача дека Албанците се одлучувачки фактор во Македонија дека нема да замине додека не ја изведе партијата на реформскиот пат.

-ДУИ е добро организирана и  етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери  застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и  ефикасната администрација. Албанците денес се одлучувачки фактор во државата.  Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат, рече Ахмети.

На лидерот на ВМРО -ДПМНЕ му порача дека војната ја гледал на телевизија само.

Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме  со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти, изјави Ахмети.

Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани.

Поврзани новости