731
Министерот за здравство, Беким Сали посочи дека посакува да се ослободиме од маските, меѓутоа, како што додаде, реалната состојба не го вели тоа.
– Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи се уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека се уште вирусот кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но не сме се уште за симнување на маските, додаде Сали.