Враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, се дел од стратешките определби на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија, кажа на денешната прес-конференција Јове Кекеновски.
„Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не ѝ требаат слепи и послушни пратеници кои само ќе стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партиите“, изјави Кекеновски.
Тој ги критикуваше двете најголеми партии во земјата и рече дека „по објавувањето на последниве аудио бомби мислам дека на сите ни стана јасно што правеле и што прават лидерите и раководствата на овие партии“.
„Едниот добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер и за останатите учесници. Другиот постојано ги рекетирал сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името односно на успех на референдумот, кој за среќа беше неуспешен.
Што уште овие две-три партии треба да направат за да конечно се свести гласачот и истите да ги казни?“, рече тој.
Тој е носител во втората изборна единица.