Сакам да и дадам француски шмек на пролетта, вели Мијата за новата песна

by fokus

Поп пејачката Наташа Крстевска – Мијата има нова песна во соработка со групата ,,Фолтин”. Станува збор за нумерата ,,Ме боли”, француско – македонска шансона, за која Мијата вели дека е музичка соработка со нејзините франкофонски побратими од Битола – ,,Фолтин”.
Песната е нејзино авторско дело, а пак аранжманот им бил заеднички и се снимало во студиото Алшар во Скопје.

-Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се ,,Фолтин”, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував,
и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет.

Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов ,,C’est joli“, а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde,
Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.

Видео записот се случи во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, мојата сестра, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата, вели Мијата и додава дека се надева како песната ќе ја разубави пролетта и ќе и даде француски шмек.

Вики Клинчарова

Поврзани новости