Сајкоски од Охрид:„Да се обединиме во борбата против власта која не посрами“

by Fokus

„Свесни сме за распаднатите институции. Свесни сме за задолжената држава. Свесни сме за запрените проекти, за неизградените патишта, за распаднатите училишта, за немањето учебници. Свесни сме за нефункционалниот здравствен систем. Свесни сме и за корупцијата и криминалот кои секојдневно ги прави власта. Овие избори се голем испит за нас како народ, како граѓани, за сите нас. Ќе ги запреме овие немилосрдни уништувачи на државата или ќе се покориме. Ќе ги запреме овие неработници или ќе се откажеме. Ќе ги запреме овие неспособни манипулатори или ќе се предадеме“, порача Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ5 од митингот во Охрид.

Тој рече дела нема да се предадат туку со ум, работа ќе се запрат лошите политики на оваа актуелна власт.

Сајкоски ги повика си граѓани без разлика на вера и нација, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, христијани, муслимани да излезат и да гласаат за подобра Македонија.

„Да се обединиме во борбата против власта која не посрами. Која не оцрни, не избрка од огништата, ни ги затвори училиштата, власта која ни ги запусти и патиштата. Обединети да им одговориме дека за нив дојде крајот. Обединети да им одговориме дека Македонија има и повеќе ум и повеќе сила“, нагласи тој.

Тој посочи дека оваа напаст и непогода која ја задеси Македонија не се победува со седење дома, не се победува со кавги и недоразбирања помеѓу нас. Оваа напаст се победува со големо народно, македонско обединување, со гласање и воведување ред во својата, во нашата, и во твојата Македонија.

Поврзани новости