842
Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и укажуваме дека веднаш треба да се прекине, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски од протестот во Охрид.
-Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме – рече Сајкоски.
Тој додаде дека историјата не може да биде прашање на договор на лидери на две држави, бидејќи, како што рече, историјата не се решава со два потписи.