1.1K
Од 3 до 9 мај во А1 Арена „Борис Трајковски” ќе се одржи 34-то издание на Саемот на книгата, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа културна манифестација.
Организаторите најавуваат дека сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем број промоции и попусти за време на саемските денови. Учество на овој саем најавија и издавачки куќи од регионот.
Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.