Се запали автобус во Нерези, нема повредени патници

by Fokus

Од ЈСП информираат дека денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

-Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

ФОТО Курир.мк

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што од изјавата на возачот и сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.

Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.

Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило, велат од ЈСП.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Поврзани новости