594
Сакаме да ја знаеме вистината, за да даде надеж дека нема да се повторат вакви тешки последици, вели Азем Садики, градоначалникот на Општина Студеничани, каде вчера беа погребани речиси половината од загинатите во автобуската несреќа.
Садики, зборувајќи за бугарската bTV, пренесе сведоштво на преживеаните.
-Нашата мисла се дека луѓето не загинаа од сообраќајката, туку од пожарот во самиот автобус. Имаме информации дека едно дете успеало да излезе од автобусот, се вратило да спаси член од семејството, и изгорело. Оваа трагедија ако не се расветли, ќе има многу последици. Надеж е дека Бугарија е членка на ЕУ и ќе има правично истражување и тоа е барање и на фамилиите и на нас како општина, рече Садики.