САД воведуваат дополнителни санкции против руската групација Вагнер

by Fokus

Американското Министерство за финансии одлучи да воведе дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер груп”, која им помага на руските сили во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби денеска најави дека американското Министерство за финансии ќе ја означи  групата Вагнер како значајна транснационална криминална организација.

Белата куќа, исто така, објави фотографии на кои се гледа како Русија испорачува пратка оружје од Северна Кореја, за која рече дека има за цел да ги зајакне силите на групата Вагнер, чии членови се борат заедно со руските војници во Украина.

Американската влада објави и фото од 18 ноември за кое тврди дека покажува руски железнички вагони кои патуваат меѓу Русија и Северна Кореја.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден беше првата што ја обвини Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје.

Поврзани новости