САД воведоа санкции против 10 поединци и 12 компании кои заобиколувајќи ги санкциите го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс. Ова се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии.
Главните фигури на новата листа се кипарско-рускиот бизнисмен Игор Зименков и неговиот син Џонатан, кои се занимаваат со трговија со оружје. Мрежата на компании создадена од Зименков и лица поврзани со неа падна под ограничувања. Меѓу нив има и една компанија од Бугарија „Ју-стоун лимитед“. Има и организации со седиште во Русија, Латвија, Сингапур, Израел.
Преку нив Зименков и неговиот син организирале продажба на руски одбранбени производи во трети земји. Тие, исто така, помогнаа во снабдувањето со високотехнолошка опрема на Руската Федерација. Зименкови соработувале и со државните корпорации „Ростек“ и „Рособоронекспорт“, кои се под санкции, забележува американското Министерство за финансии.