Новиот чешки претседател: Украина заслужува да стане членка на НАТО

by Fokus

Новиот чешки претседател Петр Павел, пензиониран генерал на НАТО, во своето прво интервју за странските медиуми по претседателските избори изјави дека Украина морално и практично ќе биде подготвена да влезе во НАТО откако војната ќе заврши.

Новиот претседател силно ја бранеше западната воена поддршка за Киев, велејќи дека речиси не треба да има ограничувања за тоа што земјите треба да испратат.

Говорејќи од ренесансната палата Хрзански, на неколку стотини метри од Прашкиот замок, Павел рече дека за него испраќањето западни борбени авиони како Ф-16 не е табу тема, но дека не е сигурен дека тие можат да бидат испорачани во временска рамка што може се покажат корисни за Киев.

Поврзани новости