САД денеска воведоа санкции против високи функционери на иранската државна медиумска корпорација, која ја обвинува дека е „критично важна алатка” на Иран во задушувањето на протестите и цензурирањето на неговиот народ.
Американското Министерство за финансии соопшти дека воведува санкции за шестмина високи функционери на Иранската државна радио и телевизија (ИРИБ), која е на црната листа на Вашингтон од 2013 година. ИРИБ продуцираше и емитуваше интервјуа со луѓе кои беа принудени да кажат дека нивните роднини не биле убиени од иранските власти за време на неодамнешните протести, туку починале во други околности.
Канада, исто така, воведе нови санкции кон Иран, насочени кон лица поврзани со наводно кршење на човековите права и компании кои ги обвини дека и доставувале дронови на Русија за нејзината војна во Украина.
Тоа е петти пакет санкции што Канада ги воведе кон Иран оваа година. Тие вклучуваат шест лица, како и две компании кои произведуваат дронови.
САД вчера воведоа санкции и за иранските компании за беспилотни летала